Тренерот на РБ Лајпциг, Марко Розe, кој има договор до летото во 2024 година набрзо може да потпише нова соработка со германскиот состав. Според весникот – „Билд“, двете страни се договориле за нов термин до 2026 година и зголемена плата на 4,5 милиони евра по сезона.
„Сите знаат дека навистина ми се допаѓа тука. Во моментов, сепак, има позначајни работи – да изградиме тим со кој можеме да ги постигнеме нашите цели“ – изјави тренерот на Лајпциг.
Неговиот тим во претходната сезона го освои третото место во Бундеслигата и успеа да го подигне пехарот во Купот на Германија.