Фудбалерите на Јувентус денеска ќе го пречекаат Вилјареал во реваншот од 1 / 8 финалето во Лигата на шампионите.
„Старата дама“ откако на гостувањето во Шпанија извлече 1-1, сега со помош на тифозите ќе се обиде да го искористи домашниот терен и да го продолжи престојот во Европа.
Веројатни состави: ЈУВЕНТУС (4-4-2): Шчесни; Данило, Киелини, Де Лихт, А. Сандро; Квадрадо, Локатели, Артур, Пелегрини; Влаховиќ, Мората. ВИЛЈАРЕАЛ (4-2-3-1): Рули; Орие, Менди, П. Торес, Педраза; Коклен, Парехо; Чуквензе, Ло Селсо, Тригерос; Данџума. Судија: Марчињак (Полска)