На интернет се појавија заканувачки пораки пред првите четвртфинални дуели од Лигата на шампионите. Истите доаѓаат од терористичката група Исламска држава, пишуваат медиумите во Шпанија.
На интернет кружеше фотографија од борец на Исламската држава, а зад него се напишани имињата на стадионите на кои ќе се играат натпревари од оваа фаза од натпреварувањето – „Емирати“, „Сантијаго Бернабеу“, „Паркот на Принцовите“ и „Ванда Митрополитано“.
Вечерва во Лондон и Мадрид се играат првите четвртфинални пресметки меѓу Арсенал и Баерн и Реал Мадрид и Манчестер Сити, а полицијата и во двата града ги зајакна своите редови во обид да спречи било какви непосакувани сцени.

