Исландското првенство, како и Националниот куп на оваа земја, завршија пред предвидениот рок, поради пандемијата на коронавирусот. Ова е објавено на официјалната веб-страница исландскиот фудбалски сојуз.
До овој момент, во исландскиот шампионат се одиграа 18 кола од 22 кои беа планирани. Објавено е дека конечната распределба на местата ќе биде иста како да се одиграле сите натпревари во шампионатот. Ова важи и за распределбата на местата за учество на тимовите на европските натпревари.
По 18 одиграни кола, лидер на табелата во исландскиот шампионат е Валур, кој освои 44 поени. Второто место го зазема Хафнарфјордур, кој има 36 бода. Брајдаблик го освои третото место со 31, колку што има и Стјернен на четвртото место. Последните две места на табелата и преслба во понизок ранг ќе има за екипите на Грота и Фјолнир.

