Веројатноста Френки де Јонг да се пресели во Манчестер Јунајтед е се помала, откако последните информации говорат дека понудата на клубот за играчот повеќе не важи.
Информациите кои беа објавени утринава велат дека играчот од средниот ред на Барселона добил рок од англиската екипа да ја прифати нивната понуда, но тој не го сторил тоа. Холанѓанецот не се ни согласи со условите кои му беа понудени, а не само да не одговори навреме.
Во текот на целото лето Манчестер Јунајтед и Челзи се обидуваа да го добијат играчот, откако веќе ги прифатија барањата од Барселона вредни 75 милиони евра, односно 80 милиони, но самиот Де Јонг не сака да си замине од „Камп Ноу“. Манчестер Јунајтед сега има опција да испрати нова понуда за Де Јонг.