Белгиски Клуб Бриж вечерва ќе ги одмери силите со Аталанта во првиот меч од плеј-оф рудната во Лигата на шампионите. Италијанците се големи фаворити и тоа се должи пред се на резултатите кои овие два тима ги имаат низ историјата.
Аталанта во мечот влегува во добра форма, но и со предноста во меѓусебните дуели со Белгијците, кои имаат сериозен проблем во мечевите со италијански екипи во европските купови. Имено, Клуб Бриж скоро пет децении не знае за победа против италијански тим во Европа.
Клуб Бриж одигра 0-0 против Јувентус оваа сезона, а минатата година се соочи со италијански противник во полуфиналето на Конференциската лига кога не успеаја да обезбеди повеќе од едно реми (1:1) против Фиорентина.
Последна победа на Клуб Бриж на домашен терен против италијански тим се случила на 12 април 1978 година! Од тогаш, Бриж ниту еднаш нема победено на домашен терен против италијански состав. Историски Бриж од таа 1978 година одиграл 9 домашни дуели против италијански екипи на кои има скор од 4 порази и 5 нерешени средби.

