На денешен ден, 13 октомври, во 1993 година, македонската фудбалска репрезентација го имаше дебито на европската фудбалска сцена, одигрувајќи го пријателскиот натпревар со Словенија во Крањ.
Предводени од селекторот Андон Дончевски, нашите фудбалери го прегазија противникот со 4-1. Првиот историски гол за Македонија беше дело на Зоран Бошковски – Чоко, а во листата на стрелците се запишаа и Дарко Панчев, Чедомир Јаневски и Драги Канатларовски.