За првпат во историјата на италијанскиот шампионат во првите шест кола има шест различни екипи на врвот на табелата.
По првото коло беше Аталанта, потоа Јувентус, Интер, Удинезе, Торино и сега Наполи, по вчерашната победа против Монца. Екипата од Неапол е лидер на табелата со 13 бодови, пред Јувентус со 12, Милан и Интер со по 11 и Емполи, Лацио и Удинезе со по 10 бодови.
Ќе потсетиме дека во последниве 5 сезони, дури четири различни екипи го освојуваа Скудетото.

