Даниел Алтмаер и Јан-Ленард Штруф се пласираа во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид како најголеми изненадувања, иако и двајцата загубија во квалификациите, но завршија на главниот турнир само поради тоа што други играчи се повлекоа.
Така, за првпат во историјата на АТП (од 1990 година), двајца среќни губитници завршија дури во четвртфиналето на Мастерсот.
Сега Штруф ќе се соочи со Стефанос Циципас, а Алтмаер со Борна Чориќ во битка за нови изненадувања.