Централниот играч за врска на Јувентус и на италијанската репрезентација Николо Фаџоли ќе го пропушти првиот натпревар на Аѕурите на ЕП 2024 против Албанија.
Според информациите од италијанскиот табор, 23-годишниот играч за врска нема да учествува на натпреварот со Албанците поради набиена фибула, повреда која ја заработи на пријателскиот натпревар со Босна и Херцеговина.
Фаџоли пропушти неколку тренинзи и во четвртокот се врати во составот на италијанската репрезентација, но почувствува непријатност и стручниот штаб реши да го одмори.
Натпреварот меѓу Италија и Албанија ќе се одигра на 15 јуни во Дортмунд.