Репрезентацијата на Италија е новиот шампион на Европа откако успеа да слави во финалето на ЕП по подобро изведување на пенали, откако мечот заврши со нерешени 1:1 во регуларните 90 минути и по продолженијата кои беа одиграни.
Финалниот натпревар почна одлично за репрезентацијата на Англија која дојде до водство уште во 2.минута од натпреварот. По центаршутот на Трипие од десната страна, на втора статива одлично ја сочека топката Лук Шо кој со прекрасен удар го совлада Донарума и донесе радост за навивачите на Англија на „Вембли“. Во продолжение од натпреварот Италија се обиде да ја презеде играта и да го загрози голот на Англија , но до крајот на првиот дел не успеа во тоа.
Во второто полувреме Италија целосно се пресели на половината на Англија и направи притисок кој донесе резултат во 67.минута кога по една мешаница од изведениот корнер најдобро се снајде Бонучи кој го израмни резултатот на 1:1. И покрај тоа што и двете репрезентации се обидоа со неколку шанси сепак до крајот на регуларните 90.минути не успеаа да постигнат гол, па мечот го однесоа во продолженија.
За жал не видововме гол во продолженијата од 2х15 минути, па по 120 минути мораше да се шутираат пенали, а таму поуспешна беше селекцијата на