Шпанија вечерва ќе се сретне со Италија во полуфиналето на Лигата на нации во Милано, кое ќе биде реприза на полуфиналето од ЕП ова лето.
Неверојатната серија на Италија без пораз на сите турнири е се уште непроменета и освојувачите на европската круна денеска тргнуваат по својот 38-ти натпревар по ред без пораз во сите натпреварувања, откако последен пат загубија од Португалија со 1-0 во воведната сезона на Лигата на нации пред 3 години.
Шпанија има само една победа на Италија во последните пет меѓусебни дуели во сите натпреварувања, и нема победа на гостински терен во Италија уште од далечната 1971 година.
Италија ќе биде принудена да се снајде без напаѓачот Чиро Имобиле, откако тој мораше да се повлече од тимот поради повреда, а во селекцијата ги нема и Рафаел Толои и Матео Песина. Шпанија, пак е без Педри, Тиаго Алкантара, Дани Олмо и Алваро Мората. Сите се повредени.