Фудбалерите на Рома и Ливерпул доцна вечер од 20.45 во Рим ќе го реализираат реванш-мечот од 1 / 2 финалето во Лигата на фудбалските шампиони. Тие ќе се сретнат по седми пат во Европа. Англичаните имаат 3 победи, два меча завршиле нерешено а Рома победила во само еден дуел.
Рома треба да докаже дека „Олимпико“’ е неосвоива тврдина за гостинските тимови во Лигата на шампионите. Домаќинот нема примено гол во 5 натпревари. Денешниот натпревар ќе биде враќање на Мохамед Сaлах на „Олимпико”. Тој таму помина две сезони во дресот на Рома пред да му биде продаден на Ливерпул. Напаѓачот беше главната ѕвезда во првиот натпревар на “Енфилд” откако постигна два гола и асистираше за уште два.
РОМА: Алисон, Фацио, Манолас, Жесус, Коларов, Флоренци, Наинголан, Де Роси, Гоналон, Ундер, Џеко. ЛИВЕРУЛ: Кариус, Арнолд, Ловрен, Ван Дајк, Робертс, Милнер, Хендерсон, Вајналдум, Мане, Фирмињо, Салах.Стадион: Олимпико, Рим. Судија: Дамир Скомина (Словенија). Почеток: 20:45