Репрезентацијата на Италија го претрпе најголемиот пораз во последните пет години.
Избраниците на Роберто Манчини вчера загубија од Аргентина во Финалисима со резултат 0:3. Последен пат Италијанците загубија со три гола разлика во септември 2017 година. Со таков резултат беа поразени од Шпанците.
Изминатиот период Италијанците станаа победници на Европското фудбалско првенство, а репрезентацијата на Аргентина го освои последниот Куп на Америка. Да потсетиме дека неодамна УЕФА и Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) потпишаа проширен меморандум за соработка, кој ома важност до 30 јуни 2028 година.
Двете страни се договорија, меѓу другото, да се одржи натпревар меѓу победниците на турнирите под нивно покровителство: селекциите на Италија и Аргентина. Средбата беше наречена „Финалисима“.