Македонската одбојкарска репрезентација го заврши својот настап на Европското првенство по осминафиналниот натпревар со селекцијата на Италија.
Македонија го направи својот најдобар пласман во историјата со пласманот во осминафиналето каде налета на силната репрерзентација на Италија. Уште кога се дозна дека осминафинален ривал ќе ни биде актуелниот првак Италија и тоа против нив требаше да се игра на нивен терен во Бари, беше јасно дека тука ќе биде и крајот на патот за македонскиот национален тим на ова Европско првенство.
Победникот се знаеше однапред, целта на нашите беше да видат до каде се во однос на најдобрите во светската одбојка.
Најсилен отпор, екипата на селекторот Јошко Миленкоски го даде во првиот сет кој Италија го доби со 25:20. Потоа Италија одигра без грешка во вториот и третиот сет кои ги доби со 25:12 и 25:15.
Италијанците во четвртфиналето ќе играат со победникот од дуелот меѓу Германија и Холандија.