Рома е заинтересирана за дефанзивецот на Ајакс, Јуриен Тимбер. Спортскиот директор на „волчицата“, Тиаго Пинто, се насочил кон 21-годишниот дефанзивец, пишува – „Газета дело спорт“.
„Копјаниците“ за неговиот потпис ќе бараат минимум 45 милиони евра. Тимбер е производ на академијата на Ајакс а дебитираше за првиот тим во 2019 година. За екипата од Амстердам има 84 натпревари, 4 голови и 2 асистенции.
Тој за репрезентацијата на Холандија има одиграно 10 натпревари.