Утре во Нион ќе бидат формирани двојките за четврфиналната фаза во Лигата на фудбалските шампиони.
Во трката за пехарот останаа: Интер, Милан и Наполи од Италија, Манчестер Сити и Челзи (Англија), Баерн Минхен (Германија), Бенфика (Португалија) и бранителот на тронот Реал Мадрид (Шпанија).
Сега клубови од иста земја и иста група од есенскиот дел може да играат меѓу себе. Првите натпревари ќе се играат на 11 и 12 април додека реваншите се закажани на 18 и 19. Полуфиналињата ќе се играат на 9 и 10 мај а реваншите една недела подоцна. Финалето на стадионот „Ататурк“во Истанбул (Турција) е предвидено за 10 јуни.