Фудбалерите на Италија кои се актуелни европски шампиони, продолжуваат да соборуваат рекорди.
„Аѕурите“ доцна синоќа славеа на домашен терен убедливо против Литванија со 5 спрема 0 во квалфикациите за Мундијалот по што се закотвија на челната позиција во групата „Ц“.
Четата на Роберто Манчини дојде до 37 меча без пораз што претствува најдолга серија во историјата на една репрезентација. Селекцијата од „Чизмата“ има забележано 28 победи и 9 нерешени средби.