УЕФА преку официјалниот сајт ги објави имињата на судиите за саботните мечеви Англија – Швајцарија и Холандија – Турција.
Средбата меѓу „Гордиот Албион“ и селекцијата од под Алпите му е доверена на Даниеле Орсато. Негови помошници ќе му бидат сонародниците од Италија: Чиро Карбоне и Алесандро Џалатини додека резервен судија ќе биде Даниел Зиберт (Германија). Во ВАР собата главниот збор ќе го има Масимилијано Ирати (Италија).
Вечерниот меч од 21.00 часот меѓу „лалињата“ и Турција, ќе го суди Французинот, Клемент Турпин. Ќе му помагаат неговите сонародници, Николас Дано и Бенџамин Пежет додека резервен судија ќе биде Феликс Цвајер (Германија). Во ВАР собата ќе седи Жером Бризар (Франција).