Фудбалерите на Реал Мадрид во текот на ноќта го победија Јувентус со 2-0 на пријателски меч во Лос Анџелес. Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти, изјави дека е задоволен од целата турнеја во САД.
„Беше добра турнеја, сега се враќаме во Мадрид да се подготвиме за Супер-купот на Европа. Ќе мора да размислма околу стартниот состав, има време за корекции” – вели италијанскиот стручњак.
Реал Мадрид ( освојувач на ЛШ) и Ајнтрахт Франкфурт (победник на Лига Европа), ќе се борат за пехарот на УЕФА на 10 август во Хелсинки.