Тренерот на фудбалерите на Евертон, Карло Анчелоти, не крие дека е презадоволен од настапите на Џејмс Родригез кој беше ангажиран во текот на летото како значајно засилување од Реал Мадрид.
„Сите ме прашуваа дали физички ќе може да го издржи темпото во Премиер-лигата. Знаете ли колку спринтови направи? Седум! Има повеќе головите и асистенции од спринтовите“, рече Анчелоти кој се обиде да направи споредба меѓу Колумбиецот и поранешниот фудбалер од Бразил, Роналдo.
„Кога бев во Милано, го доведовме Роналдо. Mу реков дека нема да игра доколку не ослабне. Тој ме праша? Што бараш, трчање или голови? Ако бараш трчање, стави ме на клупа. Ако бараш голови пушти ме во игра. Одлучив да го ставам во игра, не трчаше, но, даде два гола. Со Џејмс е истата работа“ – потенцираше тренерот на „карамелите“.
