Селекторот на турската фудбалска репрезентација, Винченцо Монтела, го потенцираше големиот потенцијал на младиот напаѓач, Арда Ѓулер.
„Колку повеќе игра, толку е подобар. Ако може да ја одржи стабилноста, неговиот огромен талент ќе го доведе до височините“ – изјави Монтела за сајтот на УЕФА.
Неговата селекција денеска на Олимпискиот стадион во Берлин ќе го одигра мечот со Холандија во рамките на четвртфиналето на Европското првенство. Средбата ќе започне во 21.00 часот.