Легендарниот фудбалер на Италија, Алесандро Дел Пиеро, верува дека Џејдон Санчо треба да се врати во Манчестер Јунајтед. Поранешниот репрезентативец на „Аѕурите“ не крие дека бил импресиониран од настапот на Англичанецот на мечот со ПСЖ во полу-финалето на Лигата на шампионите.
„Ако покажува таква игра на значајни мечеви, дефинитивно треба да се врати во Манчестер Јунајтед“ – рече Дел Пиеро.
Санчо го носи дресот на „милионерите“ како позајмен од редовите на „црвените ѓаволи“.