Даниеле Де Роси е новиот тренер на СПАЛ, кој настапува во втората фудбалска лига на Италија. Неговиот договор е до 30 јуни во 2024 година.
39-годишниот тренер беше дел од стручниот штаб на италијанската репрезентација и работеше во младинските категории. Во летото 2021 година, стана европски шампион како помошник на Роберто Манчини.
Од 2002 до 2019 година, легендарниот играч на Рома имаше 63 гола и 61 асистенција на 616 натпревари. Де Роси двапати го освои Купот на Италија со Рома и еднаш Суперкупот на земјата.