Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, никогаш нема да прифати понуда да седне на клупата на Барселона.
Италијанецот кој во 2014 година ги однесе „кралевите“ до историската десетта европска титула, вели дека никогаш нема да седне на кормилото на најголемиот ривал на „белите“.
„Не можам да одам против себе и моето минато. Јас сум тренер на Реал Мадрид. Тука бев и во минатото. Затоа одговорот е не“ – изјави Анчелоти.