Италијанскиот маратонец Алесио Очипинти е победник на 36. издание на Охридски пливачки маратон. Очипинти беше најбрз на 25-километарската патека „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид минувајќи ја за рекордно време од 4 часа, 53 минути, 14 секунди.
Очипинти беше лидер во текот на целата трка и не дозволи никакво изненадување. Аргентинецот Матијас Дијаз заврши како втор, додека третото место му припадна на уште еден Италијанец, Марко Инглима.