Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги делегираше судиите за финалето од Лигата на шампионите, кое в недела ќе ни го даде новиот шампион на Европа.
На натпреварот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ во Лисабон, правдата ќе ја дели италијанскиот судија Даниеле Орсато. 44-годишникот, кој зад себе има огромно искуство на највисоко ниво, се смета за еден од најдобрите судии од Италија.
Помошници покрај аут-линиите ќе му бидат Лоренцо Мањанели и Алесандро Џиалатини, додека четврти судија ќе биде Романецот, Овидиу Хатеган.
Во ВАР-собата главна улога ќе има Масимилијано Ирати, а ќе биде помогнат од Марко Гуида од Италија, Роберто Диаз Перез дел Паломар и Хернандез Хернандез од Шпанија. Натпреварот за најзначајниот и највреден трофеј во Европа ќе се игра на стадионот на Бенфика – „Да Луж“, ау Баерн Минхен и ПСЖ ќе излезат на теренот в недела од 21:00 часот.