Фудбалерот на шампионот на Франција, Марко Верати, кој долги години ги брани боите на ПСЖ, вели дека не е се во парите и дека главно проектот на клубот ги привлекува играчите да се активираат на – „Паркот на принцовите“.
„ПСЖ се бројува меѓу најдобрите екипи во светот. Затоа има толку многу играчи што сакаат да дојдат во нашиот тим. Некои велат дека играме тука само поради парите, но, тоа не е така“ – вели Верати.
„Кога некој ќе дојде во ПСЖ ќе стане дел од проектот кој има крајна цел да се освои Лигата на шампионите.Тоа многу ќе значи за градот и клубот“ -порача Верати.