Неуспехот во националниот тим на Италија по поразот од Шведска во баражот за пласман на Светското првенство во Русија ја принуди Италијанската фудбалска федерација да направи неколку промени, со кои сакаат да им дадат повеќе шанса на младите фудбалери и усовршување на младите таленти.
Од следната сезона секој тим кој учествува во Серија „А”, ќе може да има својот втор тим во шампионатот од Серија „Ц”, пополнувајќи ги испразнетите местата во групата. Овие тимови ќе се состојат од играчи до 21 година и двајца играчи до 23 години. Со настапот на вториот тим ќе може се подогне на квалитетот на овие млади фудбалери на повисоко ниво.
Единствениот исклучок е дека тие не можат да играат во првенство со првиот тим. Промената во италијанскиот фудбал беше потврдена од потпретседателот на Италијанската фудбалска федерација, Алесандро Костактура.