Денеска во Нион беа формирани двојките за последните две рунди во фудбалската Лига на Европа. Во четврфиналето ќе играат Милан-Рома, Ливерпул- Аталанта, Баер Леверкузен-Вест Хем и Бенфика-Олимпик Марсеј.

Веднаш се определени и можните двојки во полу-финалето. Португалците или Французите ќе вкрстат со „црвените“ или тимот од Бергамо. Во втората пресметка ќе игра еден од италијанските тимови од Милано или Рим и подобриот од дуелите на „фармацевтите“ и „чеканите“ од Англија.
Четвртфиналето ќе биде на 11 април и реваншите седум денови подоцна. Полуфиналните мечеви ќе бидат на 2 и 9 мај а финалето е закажано на 22 мај во Даблин (Ирска).

