Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Италијански стручен штаб предводен од Џовани Валенти на клупата на Академија Пандев
    Фудбал

    Италијански стручен штаб предводен од Џовани Валенти на клупата на Академија Пандев

    risteBy riste25/06/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Она што во текот на вчерашниот ден го најави Горан Пандев во своето интервју денес полека добива потврда. Македонскиот фудбал се наоѓа пред историски момент затоа што за првпат на клупата на наш прволигаш ќе седне тренер кој доаѓа од Италија, а со него во стручниот штаб исто така ќе работат негови сонародници.

    Струмичкиот прволигаш, кој во новата сезона ќе го носи името Академија Пандев Брера Струмица, се договори со Џовани Валенти и нему ќе му ја довери клупата во наредниот период. Станува збор за 47-годишниот Италијанец кој во периодот кој следи ќе биде официјално преставен како нов тренер на оваа екипа. Валенти доаѓа во Струмица од младинскиот погон на Парма, каде ја водеше екипата до 18 години. Во 2019 и 2020 година беше асистент во репрезентацијата до 19 и 20 години, а претходно работеше во младинските категории на Јувентус, Бреша и Милан.

    На Валенти ќе му помага 56-годишниот Микеле Кавали, кој во својата кариера работеше во Шахтјор, Сасуоло и Јувентус. Тренер на голмани ќе биде Алесандро Пегорари, кој исто како и во Валенти, до минатата сезона работеше во Парма. Единствено кондициониот тренер на екипата Дарко Коцев останува од претходниот стручен штаб. 

    Со оваа структура Брера ќе го означи новиот почеток, во кој наскоро ќе промовира и засилувања за сезоната 2023/24. Горан Пандев останува претседател на клубот и целосно ќе биде вклучен во случувањата на клубот, а тука ќе биде и Аце Стојков кој ќе биде дел од првата екипа. Пандев најави дека акцент ќе биде ставен на млади фудбалери и нивниот развој.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал

    22/09/2023

    Фернадеш: Онана е одличен голман

    22/09/2023

    Германецот е убеден дека го направи вистинскиот потег

    22/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал
    • Фернадеш: Онана е одличен голман
    • Дел од болидите ќе имаат нови делови на трката во Јапонија
    • Хамилтон: се надевам дека ќе биде изедначена трка
    • Севил: Шарапова можеби се подготвува за настап на турнирите
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.