Фудбалската федерација на Италија соопшти дека разигрување за титулата е опција доколку Серија А повторно биде стопирана поради корона-вирусот.
Владата на Италија даде зелено светло за продолжување на фудбалот во Серија А, Серија Б и Серија Ц, како и прекин на Серија Д. Првите три лиги во Калчото добија рок да ја завршат сезоната 20. август. А
ко корона-вирусот одново го стопира фудбалот, веднаш ќе се оди на плеј-оф мечеви. Ако и тоа не може да се реализира, тогаш ќе има прекин а табелата ќе се формира со примена на објективен коефициент за корекција.