Голгетерот на фудбалскиот состав Милан, Фабио Борини, има реална шанса да ја продолжи кариерата во кинескиот шампионат откако екипата на Шенжен ја зголеми понудата на 8,5 милиони евра.
Во исто време, „росонерите“ се надеваат дека договорот ќе се реализира во текот на зимскиот трансфер период за да можат да ги искористата средствата за ангажман на нови фудбалери.
27-годишниот напаѓач во меѓувреме ги договoри сите детали со челниците на Шенжен.Тој ќе потпише 3-годишен договор со кој ќе добива по 5 милиони евра на сезона.