Дефанзивецот на Челзи, Жоржињо, потенцираше дека го гледал само финалето на Светското првенство во Катар. Фудбалерот призна дека неуспехот на Италија да се квалификува за Светското првенство бил тежок удар за него.
„Беше многу тешко, особено во почетокот. Не сакав да ги гледам натпреварите. Отидов на одмор со моето семејство“ – вели играчот на „сините“.
„Не сакав да гледам, не ми беше грижа“ – изјави 31-годишниот фудбалер за – „Sky Sport Italia“.