Шефот на стручниот штаб на Наполи, Карло Анчелоти, пред денешниот меч со Ливерпул во првото коло во Лигата на фудбалските шампиони, потенцира дека неговите избраници со нетрпение го чекаат дуелот кој ќе се реализира во Неапол.
Двата тима и во претходната сезона настапуваа во истата група со тоа што Италијанците не успеаа да ја поминат додека „црвените“ на крајот го подигнаа победничкиот пехар во Лигата на шампионите.
„Ливерпул порасна не само со играта туку и со квалитетот фудбалерите. Тоа ќе биде голема битка против најдобриот тим во Европа. Инспирацијата е многу значајна на таквите натпревари. Ќе треба да одиграме совршен меч ако сакаме да победиме“ – потенцирал тренерот на Наполи.
