Новиот менаџер на Евертон, Карло Анчелоти, пред мечот со Ливерпул во третото коло во ФА Купот, вели дека фановите на „црвените“ се плашат од него.
„Неколку дена сум во градот и ги запознав и поддржувачите на Ливерпул. Мислам дека тие се исплашени од мене бидејќи на неколку мечеви сум се радувал на победа против Ливерпул” – рече Анчелоти, цитиран од весникот –„Мирор“.
Италијанецот во тековнава сезона додека седеше на кормилот на Наполи успеа да го совлада Ливерпул на домашен терен а потоа и да ремизира на стадионот – „Енфилд“.

