Фудбалските состави на Милан и Интер, се заинтересирани за младиот голман на Спортинг (Лисабон), Луис Максимиано, пренесуваат вечерва медиумите на Пиринеите.
Според дел од наведеното, „росонерите“ го гледаат Максимиано како наследник на Донарума кој набрзо треба да си замине од „Сан Сиро“ бидејќи најверојатно нема да добие продолжување на договорот. За него е заинтересиран англискиот Челзи.
Максимиано импресионираше во дресот на Спортинг до прекинот на сезоната поради пандемијата на корона-вирусот. 21-годишниот играч забележа 23 настапи на сите турнири или вкупно 2063 минути. На седум мечеви не прими гол.