Медиумите во Италија со интересни натписи во исчекување на финалето од Лигата на шампионите, во кое Италија е претставувана од Интер, кој ќе се соочи со англискиот Манчестер Сити.
„Газета дело спорт“ ги нарекува играчите на Пеп Гвардиола „марсовци“.
„Само вие“, писшува „Кориере дело спорт“ на насловната страница.
„По две изгубени финалиња, Италија очекува Интер да ја донесе најголемата радост“, додава изданието.
„Без страв“, пишува торинскиот „Тутоспорт“.
„Големото финале е пред вас“ објави „Кориере дела сера“.