Валенсија, Болоња и хрватскиот град кој допрва треба да се одреди, ќе му се придружат на Манчестер како домаќини на Дејвис купот во 2023 година, објави Меѓународната тениска федерација.
Во финалето ќе учествуваат 16 нации кои ќе се натпреваруваат во четири групи од 12 до 17 септември. Mинатогодишниот шампион Канада, Италија, Шведска и Чиле се извлечени заедно во групата А што ќе се одржи во Болоња. Во групата Б се второпласираните Австралија, Велика Британија, Франција и Швајцарија а натпреварите ќе се играат во Манчестер.
Шпанија, Србија, Чешка и Кореја во групата Ц ќе се сретнат во Валенсија додека селекциите на Хрватска, Холандија, САД и Финска ќе играат во групата Д.