Хрватскиот ракометен интернационалец Иван Чупиќ и следната сезона ќе го носи дресот на Вардар.
Досегашниот крилен играч на Вардар и новиот сопственик на нашиот ракометен шампион, Михајло Михајловски денеска се договориле за продолжување на соработката. Иван Чупиќ е еден од најискусните ракометари во Вардара, а дојде во 2016 година и од тогаш беше сведок на 2 освоени шампионски титули во ракометната ЛШ.
Останува во следните денови да биде појасна сликата и околу останувањето на уште неколку важни имиња за Вардар, тоа се капитенот Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров и Глеб Калараш, по што ќе се тргне и кон ангажирање на нови играчи за следната сезона.