Еден од најдобрите стрелци од минатата сезона во ВМФЛ, Иван Глигоров е повратникот кој ќе го засили штипскиот офанзивен ред! После одличниот учинок минатата сезона во Охрид, Глигоров беше на мета на многу фудбалски клубови од првата лига. Тој го послуша своето срце, се врати во својата природна средина, ја одбра својата “прва љубов” – Брегалница!
Своите фудбалски почетоци, Иван ги имаше во италијанската IMS фудбалска академија, од каде се пресели во подмладокот на еминентниот португалски ФК Национал.
Од Португалија, на свои 19 години се врати во Брегалница каде настапуваше во првата и втората фудбалска лига.
Потоа се пресели во Охрид Лихнидос каде беше убедливо најдобар стрелец, а на почетокот од сезоната имаше и кратка одисеја и во Арсими.

