Тренерот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, ги сподели плановите на тенисерот за делот од сезоната на тревната подлога.
„Веројатно Новак нема да игра никаде пред Вимблдон. Сега е подобро да се опоравиме психички и физички. Како што реков, Новак е посебна личност, генијалец со поинаков начин на размислување и му треба малку време повторно да склопи нешто во главата. Многу брзо разочарувањето ќе биде минато и ќе биде подготвен за трева“, вели Иванишевиќ.