Горан Иванишевиќ повеќе не е тренер на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ. По речиси пет години соработка е прекината.
Хрватскиот стратег му се приклучи на тимот на Ѓоковиќ во првата недела од Вимблдон 2019 година и со Новак освои бројни трофеи, но и големи предизвици.
Додека Иванишевиќ беше во стручниот штаб на Новак, српскиот тенисер освои осум Грен слем титули (не сметајќи го Вимблдон 2019 година).
Во текот на својата тренерска кариера, Иванишевиќ претходно работеше со Марин Чилиќ, Томаш Бердих и Милош Раониќ.