Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски загуби во два сета во второто коло на челинџер турнирот во Јокохама од Италијанецот Лука Нарди.
Ивановски не успеа да направи уште едно изненадување, едноставно шестиот носител, Лука Нарди беше пресилен за нашиот најдобар тенисер. Мечот траеше само 1 част и 17 минути.
Нарди кој е 118. на АТП листата, првиот сет го доби со 6:2, во вториот славеше со 6:4 за победа од 2-0.
Со настапите во Јапонија, Ивановски запиша три победи низ квалификациите и главниот турнир, па за тоа ќе заработи 11 поени и ќе напредува на следното АТП рангирање.
Следната недела Калин Ивановски ќе настапи на уште еден челенџер турнир во јапонскиот град Јакаичи.

