Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да го помине првото коло на АТП-челинџер турнирот што се игра во Скопје откако денеска беше поразен од од Хрватот Дино Призмиќ со 0:2 во сетови.
Ова беше прв настап на Ивановски на челинџер-турнир со награден фонд од 75.000 долари, сега играше во далеку посилна конкуренција во однос на онаа со која Калин Ивановски игра се соочуваше во изминатиот период.
Дино Призмиќ моментно се наоѓа на 295. место на АТП-листата, а тоа е за повеќе од сто позиции подобар ранкинг од оној на Ивановски (415.), па хрватскиот тенисер успеа да ја оправда фаворитската улога.
Првиот сет мина во израмнета борба, Калин Ивановски го загуби со 4:6, додека во вториот сет целосна доминација на Призмиќ кој го доби сетот со само еден изгубен гем, односно 6:1.