Нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски, се спушти за три позиции на новата АТП ранг листата.Тој од денеска го има 461. место.
Србинот Новак Ѓоковиќ останува прв со 7.135 бодови додека Шпанецот, Карлос Алкараз, го има второто место. Зад нив е Русинот, Данил Медведев со 5.240 бодови пред Норвежанецот, Каспер Руд со 5.210 бода. Во топ 10 влегуваат : Рубљев, Рун, Синер, Агер, Фритц.
Што се однесува до ВТА листата кај тенисерките, нашата Лина Ѓорческа имаше голем пад и сега се наоѓа на 241 место.