Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ја освои третата титула во професионалната кариера. Денеска тој славеше во финалето на ИТФ-фјучерсот во Мадрид, Шпанија победувајќи го со 2-0 во сетови (6-4, 6-2) Британецот Марк Вајтхаус.
Ривалот иако беше подоброрангиран од Ивановски, кој одигра одличен натпревар и заврши со експресна победа.