Претседателот на македонската федерација, Александар Ивановски, на денешната прес конференција по повод АТП Челинџерот „Macedonian Open“, изјави дека турнирот претставува можност за напредок на АТП листата на сите присутни тенисери.
„Целта на турнирот е да имаме квалитени играчи и добри мечеви. Турнирот е се посилен а воедно е микс и на млади играчи кои се желни за докажување како и искусни играчи “ – рече Ивановски.
„Внимание привлекува носителот број 1 Хуго Делиен од Боливија, со најдобар ранг во ТОП 60 и кој имаше настап претходната недела на Мастерсот 1000 во Рим а фигурира и на листата учесници на Ролан Гарос. Во Скопје ќе се појави и Жомбор Пирош од Унгарија“ – рече првиот човек на мак-тенисот.

