Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски направи голем скок за 39 позиции на АТП листата оваа недела, постигнувајќи го својот најдобар ранкинг во кариерата. На новата АТП листа објавена утрово, Ивановски се најде на 331. место што е најдобар негов пласман во досегашната кариера.
Голем скок на ВТА ранг листата имаше и нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа. Таа успеа да скокне 25 места на ВТА листата и сега да се најде на 224. место.