Најдобриот македонски тенисер во моментов, Калин Ивановски се спушти 4 позиции на најновата АТП ранг листа објавена денеска. Само една недела откако го забележа најдобриот ранкинг на АТП листата, Ивановски денеска се најде на 335 место во најновиот ранкинг, откако минатата недела беше на 331-та позиција.
Кај дамите, Лина Ѓорческа се најде на 252 место во голем пад за 28 позиции за разлика од минатонеделното рангирање.